Наследена носија – Самостојна изложба на Мила Добревска

Придружете ни се на отворањето на самостојната изложба „Наследена носија“ на уметницата Мила Добревска, која ќе се одржи во четврток, 25 септември, од 20:00 до 22:00 часот, во галеријата „Пионери“ во Скопје.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

„Наследена носија“ е проект што го истражува духот на македонската жена и преточува традиционалните вредности во современото општество. Користејќи симболи од традиционалните носии, Добревска ги истражува не само елементите на облеката, туку и начинот на кој се претставуваме и како другите нè перцепираат. Преку оваа изложба, уметницата ги прикажува карактеристиките што нè дефинираат, како што се добрина, љубов, критичка свест, истрајност и снаодливост, пренесувајќи ги овие вредности од минатото во сегашноста.

Изложбата се фокусира на дијалогот помеѓу традицијата и современото општество, создавајќи нови толкувања и адаптации на наследените вредности. Користејќи различни уметнички техники, како што се рачно-моделирана цементна маса, стаклени површини и иновативни методи на ткаење и сликање, Мила Добревска создава дела кои не само што ја рефлектираат минатото, туку и го истражуваат неговото влијание на современиот контекст.

Изложбата е посветена на помладата генерација, како потсетник за важноста на овие традиционални вредности кои и денес остануваат нераскинлив дел од нас.

Биографија на уметницата:

Мила Добревска (1999, Скопје) е мултидисциплинарна уметница која моментално живее и работи во Милано. Специјализирана во сликарство, мозаик, скулптура и текстилни манипулации, Добревска истражува теми како колективна меморија, идентитет и културно наследство. Таа комбинира традиционални техники со современа апстракција, при што човекот е во центарот на нејзиниот интерес. Добревска ги завршува своите дипломски и магистерски студии на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија, и е членка на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и MARTE (Равена).

Нови дела на Мила Добревска се изложувани во бројни меѓународни институции, вклучувајќи го Националниот музеј во Равена, Музејот на современата уметност во Скопје и Културниот центар Виланов во Полска. Тие се дел од нејзиниот долгогодишен уметнички пат, кој ја доведува до престижни награди како Premio Paolina Brugnatelli во 2021 година.

Оваа самостојна изложба претставува уште еден важен момент во уметничката кариера на Мила Добревска, која продолжува да ја истражува врската помеѓу традицијата и современиот свет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни