Загрижувачка статистика: Секој трет ученик доживува насилство на интернет барем еднаш месечно

Истражување открива дека дигиталното врсничко насилство станува сè почеста појава меѓу учениците.

Ново истражување за безбедноста на децата на интернет покажува загрижувачки податоци – секој трет ученик доживува некаков вид насилство на интернет најмалку еднаш месечно

Во истражувањето учествувале 1.727 ученици од повисоките одделенија на основните училишта, а резултатите покажуваат дека дури 34,2 проценти од нив се соочуваат со навреди, омаловажување или други форми на дигитално насилство

Дополнително, околу една четвртина од учениците признале дека и самите учествувале во вакво однесување на интернет, што укажува дека ваквите појави стануваат сè почести и постепено се нормализираат во онлајн комуникацијата меѓу младите. 

Експертите предупредуваат дека навредите, ширењето гласини, понижувањето и заканите на социјалните мрежи можат да имаат сериозни психолошки последици кај децата и младите, па затоа се нагласува потребата од поголема едукација и превенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни