ЗЕЛЕН ТРН за „Наша гордост – наша одговорност“ на СКОПСКО за најдобра иницијатива за заштита на животната средина

На крајот на годинава, „Трн“ ги награди најдобрите иницијативи кои носат значајни промени во нашето општество и кои се посветени на клучните теми што ја засегаат заедницата. Овие признанија се доделуваат на иницијативи кои оставиле траен впечаток, кои успеале да инспирираат, мотивираат и мобилизираат поединци и заедници, како и на оние кои внесоа креативен пристап во создавањето на позитивни промени.

Признанијата беа поделени во шест категории, а меѓу нив се најде и ЗЕЛЕН ТРН – признание за најдобрата иницијатива за заштита на животната средина.

Кампањата „Наша гордост – наша одговорност” на СКОПСКО е добитник на Признание за најдобра иницијатива за заштита на животната средина во категоријата ЗЕЛЕН ТРН.

Првиот збор од Пивара беше упатен со благодарност до целата екипа на ТРН за нивната иновативна трансформација на новинарството. По една година активност, благодарение на нивната поддршка, Скопско успеа да достигне до нова публика и да ја зголеми свесноста за важноста на заштитата на животната средина и индивидуалната одговорност во креирањето на поздрава и позелена иднина.

„Голема благодарност за ова признание, но и за тоа што ни помогнавте на поинаков начин да допреме до луѓето. Нашата главна цел останува да ја зголемиме свесноста за тоа како секој поединец може да биде дел од решението. Скопско ќе продолжи да биде посветено на оваа кауза, а со ТРН се надевам дека ќе останеме на вистинскиот пат за да ги освестиме граѓаните за значењето на заштитата на животната средина“, изјави претставник од Пивара.

Ова признание за Зелен трн ја потврдува посветеноста на Скопско за продолжување на активностите и иницијативите што ја промовираат заштитата на животната средина и одржливиот развој, со надеж дека оваа важна работа ќе продолжи да инспирира и други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни