„Наша гордост. Наша одговорност” е кампања која ја иницира Пивара Скопје и чија главна цел е заштита на животната средина, со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување. Кампањата се фокусира на животната средина и на повисоката цел која „Скопско” како бренд ја има, а тоа е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар. Заедно, велат од „Скопско“ ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост –природните и културни обележја на нашата земја. Капањата е во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и компанијата „Пакомак”.
-Првиот момент кога ја видов комуникацијата за платформата „Наша гордост. Наша одговорност“ искрено бев многу позитивно изненадена за иницијативата на „Скопско“ како бренд за заштита на едно од нашите најголеми природни богатства, а тоа е Охридското Езеро. Можам да кажам дека еден многу посветен и одговорен тим стои позади оваа платформа и некако таа позитивна енергија и добрата намера секако е препознаена од нашите конзументи. Континуирано добиваме барања за поддршка и иницијативи од многу млади еко ентузијасти и така да заедно правиме волонтерски акции за еколошко загрозени подрачја кои што верувам дека прават еден голем позитивен импакт за нашата животна средина – вели Сања Русјакова, џуниор бренд менаџер на Скопско.
Оваа година, акциите за чистење на дното на езерото и на крајбрежјето на Охридското езеро се во партнерство со „Амфора“, нуркачки клуб од Охрид, кој што покрај експертизам и огромен кредибилитет, имаат и голема љубов и почит према езерото.
Од акцијата во Охридското езеро се собрани околу 120 кубици различен пакувачки отпад од 6 различни локации во езерото и на охридското крајбрежје. Најголем дел од отпадот е пластика, но од езерото беше собрана и опрема која паѓа од рекреативните бродови, браници, штитници, потоа стари автомобилски гуми или стар рибарски алат кои остануваат на дното.
-„Скопско“ на свој начин е еден симбол на Македонија, едно обележје и затоа беше многу логично тој да се грижи за останатите природни културни обележја, кои што во нашата земја неминовно ги има многу. Според мене, можеби најголем предизвик е да се пренесе една многу едноставна порака, а тоа е дека мали дела кои што можеби делуваат и банално на секојдевно ниво и кои што ги правиме, доколку ги промениме носат кон многу големи резултати на долг рок. Тоа е многу голем проблем и доста комплексен и можеби затоа луѓето имаат некои очекувања дека решението треба да биде инстантно во моментот. Меѓутоа се додека сфатиме дека ние како индивидуи со нашиот мал придонес ќе направиме многу, мислам дека тогаш ќе бидеме на прав пат. Со ова апсолутно не сакам да ја исклучам одговорноста и улогата која што ја има приватниот сектор и институциите. Значи таа останува и нема бегање од тоа. И токму затоа сметавме дека еден од најголемите брендови во нашата земја, треба да го даде својот глас на нешто вака значајно за сите, кој што има многу практична меѓутоа и многу емотивна вредност на луѓето – вели Марта Зафкова, бренд менаџерка на Скопско.
Платформата делува во 3 области. Првиот е отстранување отпад, потоа инвестирање во инфраструктура која што ќе го намали создавањето на иден цврст отпад. И третиот, најважниот сегмет се општествено одговорни кампањи кои што работат на подигнување на свеста, за важноста и улогата која што секој поединец ја има во општеството.
Акцијата „Наша гордост. Наша одговорност“ е пример како заедно можеме да постигнеме многу за еколошката состојба на Охридското езеро, за поубав и почист град, но и за нас самите, затоа што одговорноста за природата и за зачувување на нејзините убавини е на сите нас.