НАСА ја почнува завршната подготовка за историски лет кон Месечината

Четворица астронаути пристигнуваат во Флорида пред мисијата Artemis II, која треба да го означи првиот лет со екипаж кон Месечината по повеќе од пет децении.
NASA/Kim Shiflett

Четворица астронаути избрани за мисијата „Артемис II“ на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација, НАСА, денеска треба да пристигнат во Флорида, со што ќе започне завршната фаза од подготовките за првото патување со екипаж кон Месечината по повеќе од пет децении, пренесува Ројтерс.

Мисијата и натаму е планирана да полета најрано на 1 април 2026, а раниот прозорец за лансирање опфаќа термини до 6 април.

Астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Кох, заедно со канадскиот астронаут Џереми Хансен, треба да полетаат од Вселенскиот центар „Кенеди“ на 1 април со ракетата „Спејс лаунч систем“ (SLS), во капсулата „Орајон“, која е наменета за превоз на луѓе во длабоката вселена.

Во меѓувреме, НАСА објави и детали за одбројувањето и медиумското следење на мисијата, што е уште еден знак дека подготовките влегуваат во завршница. Агенцијата наведува дека станува збор за првата мисија со екипаж во програмата Artemis и за околу 10-дневен лет околу Месечината и назад, без слетување на нејзината површина.

Исто така, лансирањето доаѓа во момент кога пошироката програма Artemis минува низ промени. Во последниот период НАСА прави поголеми стратешки поместувања во месечевата програма, што покажува колку е важен Artemis II како тест-мисија пред следните чекори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни