NASA откри град 30 метри под ледената површина: „Јасни знаци на напредна цивилизација“

Американската вселенска агенција повторно откри локалитет што човештвото го напуштило 1967. година


NASA откри скриен подземен „град“ закопан длабоко во мразот на Гренланд.
Истражувачите на оваа вселенска агенција останале прилично збунети од „јасните знаци на напредна цивилизација“. Се работи за згради закопани 100 стапки (30 метри) под површината.

Снимката била направена од тим научници на истражувачки авион на NASA Gulstream III, кој летал над Гренланд, посматрајќи го неговиот ледени покрив. Радарот ја открил неочекуваната локација.

Но, ова не е тајна база на вонземјани. Откритието всушност е познато на човештвото, само што било оставено мирно скоро 60 години. Ова место некогаш било база од времето на Студената војна, изградена од американската влада во мразот.

Позната како Камп Сентури, наречена „град под мразот“, оваа локација датира од 1959. година.

Што бил Камп Сентури?
Камп Сентури бил дел од проектот „Iceworm“ – строго доверлив програм кој го воспоставила американската војска за да создаде мрежа на лансирни места за нуклеарни ракети под ледениот покрив на Гренланд што би можеле да преживеат и да бидат први погодени во нуклеарен напад.

Од 1959. година, вкупно 21 тунел со вкупна должина од 9.800 стапки (скоро 3 километра) биле вкопани во мразот, а целиот проект бил напојуван од нуклеарен реактор. Со 600 ракети што требало да бидат поставени под мразот и подготвени за истрелување во случај на напад од Советскиот Сојуз, арсеналот бил толку голем што можел да уништи 80% од целите во СССР и Источна Европа во најлошиот сценариј.

Меѓутоа, проектот наскоро бил напуштен кога во 1960-ите било утврдено дека ледениот покрив не е толку стабилен како што се сметало, што значело дека не може да го поддржи проектот како што било предвидено.

Како резултат на тоа, локацијата била напуштена во 1967. година, оставајќи нуклеарен отпад кој и понатаму претставува опасен проблем.

Камп Сентури денес
Со оглед на тоа како функционира природата, мешавина од снег и мраз ја покрила локацијата со 30 метри замрзната материја, оставајќи го ова место закопано длабоко под земјата.

„Во новите податоци, поединечните структури во тајниот град се видливи на начин на кој никогаш досега не биле видени“, изјавил Чад Грин, исто така научник во JPL.

Споредувајќи ја новата радарска мапа на Камп Сентури со историски мапи на планираното распореденост на базата, изгледа дека паралелните структури се усогласени со тунелите изградени за сместување на низа објекти.

„Без детално познавање на дебелината на мразот, невозможно е да се знае како ќе реагираат ледени покриви на брзо загревање на океаните и атмосферата, што значително ги ограничува нашите способности да проектираме стапки на раст на нивото на морето“, рекол Гарднер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни