Нападнатите студенти од Правниот факултет во Белград порачаа – „Кој тебе со флаша, ти него со индекс“

Многу емотивно го доживеав тоа бидејќи бев таму синоќа кога се случи овој несреќен настан. Овој напад врз нас покажува дека работите во рацете на властите излегуваат од контрола и дека полека го губат концептот

Нападнатиот студент од Правниот факултет во Белград Павле Шебек порача „Кој тебе со флаша, ти него со индекс“. Држејќи го индексот во раце, тој изјави „Со ова победуваме и ова ги плаши најмногу“.

Седум студенти, кои го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти кои ги предизвикале непознати лица, соопштено е на Инстаграм профилот Студенти во блокада. Како што наведоа, напаѓачите ги гаѓале студентите со стаклени и пластични флаши.

„Многу емотивно го доживеав тоа бидејќи бев таму синоќа кога се случи овој несреќен настан. Овој напад врз нас покажува дека работите во рацете на властите излегуваат од контрола и дека полека го губат концептот“, рече Шебек, еден од нападнатите студенти.

Тој објасни и како изгледал самиот напад.

„Прво дојде до инцидент кога напаѓачот, кој синоќа беше уапсен, влезе на нашиот факултет и почна да прави инциденти. Слушнав дека правел графити по ѕидовите. Кога колегите се обидоа да го избркаат, беше агресивен. Сето тоа беше прво вербален конфликт. Тие избраа да дојде до конфликт. Ние ги замоливме да излезат, а тие се фалеа дека го поддржуваат претседателот на Република, дека ние не можеме ништо. Сакаа да уринираат по факултетот. Потоа ме удрија по главата, мене ме тепаа тројца одеднаш. Се надевав дека ќе престанат, но тие не престануваа. Нападнаа и девојка. Таа е физички во ред, нема тешки повреди, но психолошката траума ќе остави последици. Такво нешто не треба да се случува на факултет. Таа сакаше да не заштити нас кои се браневме од напаѓачите, и тогаш некој ја турна и таа падна по скалите“, објасни тој за N1.

Рече и дека повредите не го болат и демантираше изјавите на Министрот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Подсетуваме, Дачиќ изјави дека студентите „не дозволуваат влез на припадници на полицијата во Правниот факултет за да направат увид во видео надзорот“.

„Ќе ја искористам оваа прилика да го демантирам Дачиќ. Единствените кои можат да дозволат или да не дозволат влез на полицијата на факултетот се деканите. Ние студенти немаме такви овластувања. Во два наврати дојдоа полицајци, ги проверуваа снимките, не ги спречувавме. Само рековме дека нема да дадеме изјави без присуство на адвокат“, објасни Шебек.

Sign up

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни