Израелски авиони денеска околу 12:30 часот по локално време извршија нов воздушен напад врз воен аеродром во близина на северозападниот ирански град Тебриз, соопштија локални и безбедносни извори. Според агенцијата Tasnim, мета на нападот била воената воздухопловна база Шахид Факури, која се користи за сместување на борбени авиони.
На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледаат густи столбови чад што се издигнуваат од погодениот аеродром.
Нападот доаѓа само неколку часа по масовните израелски воздушни удари врз Техеран и други ирански градови, при што беа погодени станбени населби и воени објекти.
Според ирански извори, во утринските напади загинале високи воени и безбедносни функционери, меѓу кои: Генерал Мохамад Хусеин Багери, началник на Генералштабот на иранската армија, Генерал Хосеин Салами, командант на Револуционерната гарда (IRGC) и Генерал Голам Али Рашид, командант на иранската противвоздушна одбрана
Исто така, загинале најмалку шест нуклеарни научници, поврзани со иранската нуклеарна програма.
Официјална реакција од Иран:
Врховниот лидер на Иран, аја толах Али Хамнеи, ги осуди нападите и го предупреди Израел на „тешки последици“.
Израел засега не ја коментираше одговорноста за нападот во близина на Тебриз, ниту ги потврди претходните утрински напади.
Состојба на теренот:
Градовите низ Иран се под блокада, во тек е мобилизација. Во Израел владее паника, се слушаат воздушни сирени, а властите ги повикуваат граѓаните да останат блиску до засолништа. Израелската армија најави дека операцијата „Успон на лавот“ (Operation Rising Lion) ќе трае неколку дена. Главни цели се: нуклеарни постројки, командни центри, воздушна одбрана и научници.