Напад врз универзитет во Техеран: Иран ги обвини напаѓачите за „варварско однесување“

Иран остро реагира по воздушниот напад врз универзитет во Техеран, при што е оштетен истражувачки центар за ласери.

Иранскиот министер за наука Хосеин Симаеи Сараф го осуди денешниот напад врз универзитет во Техеран, нарекувајќи го „однесување полошо од луѓето од каменото доба“. Во воздушниот напад сериозно е оштетен центар за истражување на ласери, а Сараф при посетата на погодената локација остро ги критикуваше напаѓачите.

„Непријател без корени во историјата, културата и цивилизацијата се однесува полошо од луѓето од каменото доба“, изјави тој.

Засега не е познато кој стои зад нападот, дали станува збор за сили на Соединетите Американски Држави или Израел, ниту пак зошто истражувачкиот центар бил цел. Инаку, Израел и претходно во повеќе наврати таргетираше ирански научници и истражувачки капацитети поврзани со нуклеарната програма на Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни