Украина удри во срцето на руската дронска индустрија: Напад врз Таганрог

Украинските дронови погодија цели во јужниот руски град каде се наоѓаат фабрика за авиони и две постројки за производство на беспилотни летала, а над регионот Ростов биле пресретнати уште шест.

Украински дронови го нападнаа градот Таганрог на источниот брег на Азовското Море, важен центар на руската воена авијација и производство на беспилотни летала. Во нападот загинала една личност, осум биле ранети, а оштетени се повеќе згради и деловни објекти, соопшти градоначалничката Светлана Камбулова за агенцијата ТАСС.

Таганрог: Град со три фабрики за воена авијација

Таганрог е стратешки важна локација за руската воена индустрија. Во градот се наоѓаат фабрика за воени авиони и две постројки за производство на дронови и делови за беспилотни летала. Украинскиот напад врз овие цели е дел од засиленото гаѓање на руската воена инфраструктура длабоко во руска територија.

Над 60 дронови пресретнати над регионот

Губернаторот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, соопшти дека над Таганрог во текот на ноќта биле пресретнати повеќе од 60 дронови, а уште шест над пошироката регија. Украина во последниве недели ги засили нападите врз нафтени постројки и воената индустрија на руска територија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни