Неколку студенти и новинари синоќа биле физички нападнати за време на протест пред Српското народно позориште во Нови Сад, пренесува N1, повикувајќи се на сведоштва и извештаи од местото на настанот.
Според информациите, група мажи, кои според сведоците биле меѓу приврзаниците на власта, физички нападнале студенти, при што најмалку тројца биле повредени. Медицински лица кои им пружиле помош изјавиле дека студентите имале претежно повреди на главата, но дека нивната состојба е стабилна.
Инцидентите се случиле за време на протест поврзан со одбележувањето на годишнината на Матица српска, на која говорел премиерот Милош Вучевиќ, додека претходно најавениот говор на претседателот Александар Вучиќ бил откажан.
Jel za režim ovako izgleda kulturno-umetnički program?
— Blokada PFNS ⚖️ (@BlokadaPFNS) February 16, 2026
Prava predstava je ispred SNP-a. pic.twitter.com/CmX5Rxny0o
Според сведоштвата, полицијата поставила кордони меѓу двете групи, но дел од студентите успеале да се приближат до платото пред театарот, каде дошло до физички напад од страна на група маскирани мажи. Нападнати биле и новинари кои се обиделе да го документираат настанот.
Една студентка изјавила дека била навредувана и физички нападната.
„Видов дека го напаѓаат мојот колега и се обидов да го одбранам. Тогаш неколку мажи почнаа да ме туркаат и удираат. Успеав да се извлечам. Во шок сум, но добро сум“, изјавила таа.
Deo demonstranata uspeo je da prođe na Pozorišni trg i izbila je tuča. Jedan student je povređen. pic.twitter.com/fDC2r9yist
— kompas (@kompas_info_com) February 16, 2026
Филозофскиот факултет во Нови Сад соопшти дека четворица нивни студенти биле нападнати и побара од надлежните институции да преземат мерки.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија видеа од инцидентите, а дел од сведоците тврдат дека напаѓачите биле организирани и донесени во градот со автобуси, иако овие наводи не се официјално потврдени од властите.
Инцидентите доаѓаат во период на зголемени политички тензии во Србија, а засега нема официјална информација за приведени лица или покренати постапки