Напад со нож во Хамбург: Најмалку дванаесет лица повредени на железничката станица

Нападот се случил на пероните 13/14. Првично се зборуваше за осум повредени, но подоцна полицијата појасни дека три жртви се во критична состојба, уште три се тешко повредени, а шест лица имаат полесни повреди.

Напад со нож се случил во петокот вечерта на Централната железничка станица во Хамбург. Според пишувањето на Билд, најмалку дванаесет лица се повредени, а сојузната полиција уапсила една жена.

Нападот се случил на пероните 13/14. Првично се зборуваше за осум повредени, но подоцна полицијата појасни дека три жртви се во критична состојба, уште три се тешко повредени, а шест лица имаат полесни повреди.

Според информации од германскиот весник, некои од повредените се згрижени во возовите.

Мотивите и позадината на злосторството сè уште не се познати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни