Според првичните информации, осомничениот за нападот е уапсен, но се уште не е познат мотивот за нападот.
„Во моментов немаме информации за причината или мотивот на инцидентот со прободување. Ова е предмет на нашата истрага“, соопшти полицијата во Амстердам, која ги повика граѓаните кои имаат снимки од инцидентот да им ги испратат.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја опколила областа на Sint Nicolaasstraat и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптер слетува на плоштадот, додека повредените се транспортираат во болница.
Весникот De Telegraaf наведува дека најмалку четиринаесет полициски возила и еден полицаец на мотор пристигнале на местото за 15 минути.
🚨🚨 Mass stabbing attack in central Amsterdam
— NEXTA (@nexta_tv) March 27, 2025
An unidentified man with a knife attacked pedestrians at Dam Square, injuring at least 5 people.
The attacker has been detained, but his motive remains unknown. pic.twitter.com/Cow1jUi3y1
Хеликоптерот на брзата помош, кој веднаш по инцидентот слета на плоштадот и поради кој полицијата привремено го опколи поголемиот дел од плоштадот, полета околу 16 часот и 30 минути.
Сведок му на плоштадот Дам рекол дека одеднаш се слушнал крик, проследен со паника, но нему и на другите минувачи веднаш не му било јасно што се случува.
Вработената во продавницата изјавила и дека одеднаш слушнала многу викање и врескање и дека луѓето почнале да трчаат во правец на инцидентот.
Градоначалничката на Амстердам Фемке Халсема, главниот обвинител Рене де Беукелаер и началникот на полицијата Питер Хола се состанаа на консултации по нападот.
Плоштадот Дам е едно од најпосетуваните места во главниот град на Холандија, лоциран во историскиот центар на Амстердам и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.