Напаѓачот кој во Шведска уби 10 луѓе, често го посетувал Центарот за образование на возрасни лица

Напаѓачот кој во Шведска уби 10 луѓе, претходно го посетувал Центарот за образование на возрасни лица, каде отвори оган, соопштија шведските власти, кои не го објавија неговиот идентитетот.

Тој по нападот е пронајден мртов со три парчиња оружје и големо количество неискористена муниција. Сè уште не е познато како починал.

При нападот повредени се пет лица, од кои двајца се во тешка здравствена состојба и се на интензивна нега.

Истражителите сè уште не го утврдија мотивот за нападот. Полицијата соопшти дека немало предупредување и се претпоставува дека напаѓачот сам дејствувал, како и оти нападот не е поврзан со тероризам.

Нападот извршен на 4 февруари се случи во предградието на градот Еребро, околу 200 километри западно од Стокхолм. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни