Најмалку четири лица загинаа кога маж активира експлозивна направа на железничка станица во северна Украина

Mаж активира експлозивна направа на железничка станица во северна Украина, има мртви

Маж денеска активира експлозивна направа на железничка станица во украинскиот град Овруч, при што загина тој и уште три жени, а 12 луѓе се повредени.

Според полицијата 23-годишниот маж, кој ја активира експлозивната направа неодамна се обидел илегално да замине од Украина.

По руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, на мажите на возраст од 18 до 60 години им беше забрането да ја напуштат земјата. Илјадници од нив се обидоа илегално да ја напуштат Украина, со цел да ја избегнат мобилизацијата.

Украинските власти на крајот на август им дозволија на мажите на возраст од 18 до 22 години да можат да патуваат во странство, бидејќи тие не се опфатени со мобилизацијата, за која минималната возраст беше намалена на 25 години во април 2024 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни