Најмалку 50 повредени во експлозија за време на молитва во џамија во Јакарта

Повеќе од 50 лица се повредени при експлозија во џамија во Џакарта за време на молитва. Повредените се хоспитализирани, а полицијата ја истражува причината за инцидентот

Десетици луѓе се повредени и хоспитализирани по експлозија која се случи во петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата. Властите истражуваат што ја предизвикало експлозијата во Келапа Гадинг, на северот од Џакарта, изјави шефот на полицијата, Асеп Еди Сухер.

Во болница се примени 54 лица, рече Сухер, додавајќи дека сериозноста на повредите се разликува – од полесни до сериозни, вклучително и тешки изгореници. Телевизиските канали KompasTV и MetroTV прикажаа снимки од полицијата и брзата помош околу училишниот комплекс. Снимките на џамијата не покажуваат поголема штета на зградата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни