Најголемите загадувачи ги блокираат плановите за напуштање на фосилните горива

Нов извештај открива дека најголемите државни и приватни емитери на CO₂ во светот активно го опструираат напуштањето на фосилните горива

Група од само 32 компании e одговорна за половина од глобалните CO₂ емисии во 2024 година, покажува анализа на податоците од Carbon Majors. Овие фирми, вклучувајќи државни гиганти како Saudi Aramco, Coal India, CHN Energy, National Iranian Oil Co. и Gazprom, како и приватни корпорации како ExxonMobil, Chevron, Shell, BP и ConocoPhillips, не само што го зголемиле своето производство, туку и активно блокирале глобални напори за фосилна транзиција на COP30.

2024 година беше најтоплата година досега, првпат надминувајќи 1,5℃ над прединдустриското ниво, додека 2025-та беше третата најтопла година глобално и во Европа. Сепак, сите обиди за вклучување на јасни обврски за фосилно намалување во финалниот договор на COP30 беа избришани во последните часови на самитот.

Според Carbon Majors, 17 од 20-те најголеми емитери во 2024 година се компании под контрола на држави кои блокирале плановите за фазно напуштање на фосилните горива, вклучувајќи Саудиска Арабија, Русија, Кина, Индија, Ирак, Иран и Катар.

„Големите емитери се на погрешната страна на историјата,“ истакнува Кристијана Фигерес, поранешна извршна секретарка на UNFCCC.

„Додека светот инвестира двојно повеќе во чиста енергија отколку во фосилни горива, овие компании се држат до застарени и загадувачки производи и продолжуваат да ја заведуваат јавноста за реалните последици од нивните постапки.“

Експертите сега повикуваат на брзо убрзување на зелената енергија и потсетуваат дека Мировниот договор за фосилни горива е неопходен за да се држат овие гиганти одговорни и да се обезбеди праведна глобална транзиција кон одржлива енергија.

Следниот глобален самит за фазно напуштање на фосилните горива ќе се одржи во април во Колумбија, заедно со Холандија како ко-домаќин, каде се очекува светските лидери и активисти да продолжат со притисокот за зелена енергетска трансформација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни