Најевтината, а најздрава риба на светот

Рибата одамна се смета за една од најздравите намирници, но и покрај тоа многу луѓе ја консумираат релативно ретко. Најчесто се наоѓа на трпезата само повремено или за време на пости. Нутриционистите, сепак, нагласуваат дека рибата треба да биде редовен дел од исхраната бидејќи е богат извор на квалитетни протеини, витамин Д, јод и омега-3 масни киселини, кои се важни за здравјето на срцето и правилното функционирање на мозокот.

Според препораките на повеќето здравствени организации и експерти за исхрана, риба треба да се јаде најмалку двапати неделно. Пожелно е барем еден од тие оброци да содржи масна риба, бидејќи токму таа има најголема количина омега-3 масни киселини. Овие хранливи материи се поврзуваат со помал ризик од срцеви заболувања, подобро здравје на мозокот и намалување на воспалителните процеси во организмот.

Порција риба за возрасна личност обично изнесува околу 120 до 150 грама. Дури и две вакви порции неделно можат значително да придонесат за подобра исхрана и подобра контрола на холестеролот.

Иако често се споменуваат поскапите видови риба како лосос или туна, експертите истакнуваат дека некои од најздравите опции се всушност многу попристапни. Сардината се смета за една од најхранливите риби бидејќи е богата со омега-3 масни киселини, калциум и витамин Д, а притоа е евтина и лесно достапна, без разлика дали е свежа или конзервирана.

Слично важи и за скушата, која има одличен нутритивен состав и содржи голема количина здрави масти. Овие мали масни риби се наоѓаат пониско во синџирот на исхрана, па обично содржат помалку тешки метали како живата во споредба со поголемите риби. Токму затоа тие често се сметаат за една од најздравите и најисплатливите опции за редовна исхрана.

Начинот на подготовка исто така игра важна улога. Нутриционистите препорачуваат рибата да се пече, вари или подготвува на скара, додека пржењето во многу масло треба да се практикува само повремено.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни