Нафтата скокна, Биткоинот не падна, пазарот чита поинаква шема

Нова анализа на Binance покажува дека цената на нафтата не е сигурен показател за движењето на Биткоинот, иако геополитичките кризи краткорочно ја зголемуваат нестабилноста на крипто-пазарот.

Биткоинот не се движи по автоматизам според цената на нафтата, иако на пазарите често постои претпоставка дека поскапата нафта значи и притисок врз криптовалутите. Токму тоа е главниот заклучок од анализата на Binance, која се темели на десетгодишни податоци и покажува дека меѓу Биткоин и суровата нафта нема стабилна и трајна корелација низ времето.

Во анализата се наведува дека најизразена поврзаност меѓу двете средства имало во периодот од 2020 до 2022 година, кога глобалните пазари беа преплавени со ликвидност и олабавена монетарна политика. Надвор од тој период, врската меѓу Биткоинот и нафтата главно се губи, а движењата на криптовалутата повеќе зависат од фактори внатре во самиот крипто-екосистем.

Како клучен тест се посочува кризата околу Ормускиот теснец во 2026 година. Додека нафтата нагло поскапе, Биткоинот не го следеше очекуваниот шаблон на пад. Според извештајот, тој прво кратко ослабнал, потоа влегол во фаза на стабилизација, а на крај почнал повторно да расте независно од понатамошното движење на цените на нафтата. Во извештајот на Binance се наведува и дека за време на кризата спот Биткоин ETF-фондовите забележале нето-приливи од околу 1,7 милијарди долари, што помогнало да се апсорбира шокот на пазарот.

Извештајот сугерира дека шоковите кај нафтата можат да влијаат врз краткорочната нестабилност на Биткоинот, но не и сигурно да го одредат правецот на неговото движење. Наместо тоа, поголема тежина имаат институционалните приливи, структурата на пазарот и однесувањето на големите купувачи. И месечниот пазарен преглед на Binance за април посочува дека во март крипто-пазарот покажал делумна отпорност и покрај тензии што го нарушиле глобалното тргување со нафта.

За инвеститорите, пораката е прилично едноставна: поскапувањето на нафтата само по себе не е доволно за да се предвиди што ќе направи Биткоинот. Најважните сигнали и понатаму доаѓаат од самиот крипто-пазар, а не од суровините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни