Плажите во Роунд Ајланд во САД во саботата беа претворени во вистински хаос откако беа освоени од огромен број на вилински коњчиња. Присутните луѓе започнаа да бегаат и да се кријат во своите шатори и под чадорите.
Видеата од плажата покажуваат дека посетителите се релаксирале пред да пристигнат вилинските коњчиња, а по нивното доаѓање започнале да бегаат и викаат.
На социјалните мрежи видеата беа споделувани со наслов „Апокалипса на вилински коњчиња“, а експертите откриваат дека овие инсекти мигрираат од јули до октомври. Тие често прават паузи за време на нивните патувања за да се нахранат, а понекогаш овие паузи знаат да траат и по неколку недели.
Дел од присутните на плажата го нарекоа настанот инвазија на вилински коњчиња, додека други само се смееја на глетката. Од тие што го гледаа позитивниот аспект на овој „напад“, имаше и такви кои коментираа дека сега нема да има веќе комарци во Роуд Ајланд.