Настрешницата во Нови Сад која уби 15 луѓе чинела 120.000 евра

За работите на светларникот биле потрошени вкупно 57.058,01 евра, за лепењето на мозаици биле потрошени 51.047 евра, додека изолацијата на речиси 224 квадратни метри чинила 12.644,31 евра.

Од документите кои во неделата доцна попланде ги објави Високото јавно обвинителство во Нови Сад, може да се види дека вкупната сума потрошена за настрешницата била повеќе од 120.000 евра.

За работите на светларникот биле потрошени вкупно 57.058,01 евра, за лепењето на мозаици биле потрошени 51.047 евра, додека изолацијата на речиси 224 квадратни метри чинела 12.644,31 евра.

Во падот на бетонската надстрешница на реконструираната Железничка станица загинаа 15, а две лица беа тешко повредени. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 30 декември подигнало обвинение против 13 лица во врска со падот на надстрешницата во овој град.

Меѓу обвинетите се поранешниот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димоски, како и поранешната директорка на јавната компанија „Инфраструктура железници Србије“ Јелена Танасковиќ. Во притвор се 10 обвинети, Весиќ е на слобода, додека Танасковиќ и Димоски се во домашен притвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни