Над 50 повредени, четворица во критична состојба по инцидентот во Ливерпул

Најмалку 50 лица се повредени, а четворица од нив се во критична состојба по инцидентот во Ливерпул кога автомобил влета во толпата кои ја славеа титулата на фудбалскиот клуб.

Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај. На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е идентификуван како возач на автомобилот – белец од Ливерпул.

Шефот на противпожарната служба во Мерсисајд, Ник Сиерл, рече дека пожарникарите успеале да спасат четири лица, вклучувајќи и дете, кои биле заглавени под автомобилот.

Видео снимки што кружат на интернет прикажуваат како автомобилот забрзува и удира пешаци од двете страни на улицата преполна со луѓе. Сведоци се обиделе да го сопрат возачот, кој подоцна бил приведен од полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни