Над 50 домаќинства и објекти под вода во Ресенско по обилните врнежи

Обилните врнежи предизвикаа излевање на Болнска и Источка река на подрачјето на општина Ресен, што доведе до поплави во селата Царев Двор и Дрмени.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, под вода се наоѓаат повеќе од 50 куќи, визби, магацински простори, како и значителни површини земјоделско земјиште.

Поплави се регистрирани и кај селото Долна Бела Црква, каде Голема Река се излеала од коритото. Моменталниот водостој таму достигнува 210 сантиметри.

За справување со последиците на терен се ангажирани екипи од јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватна механизација. Вклучени се седум пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување на наносите и извршување итни интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи со цел побрза санација на поплавените објекти.

Од „Македонија пат“ информираат дека на повеќе патни делници има значителни наноси од земја, кои се расчистуваат според утврдениот приоритет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни