Откако 474 мигранти пристигнаа преку Ламанш во понеделникот, вкупниот број на луѓе кои стигнале до Велика Британија на овој начин е 50.271, според Министерството, јави Би-Би-Си.
Француските власти потврдија дека една жена починала вчера обидувајќи се да се качи на брод за да премине во Велика Британија, и покрај напорите на службите за итни случаи да ја реанимираат на францускиот брег.
Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), најмалку 21 лице го загубиле животот обидувајќи се да го преминат Ламанш оваа година.
Нивните бројки ги вклучуваат и оние кои патувале до преминот и починале во други околности, како што се сообраќајни несреќи или здравствени проблеми.
Најновите бројки за премините Ламанш беа објавени додека британските министри продолжуваат да се справуваат со предизвикот за справување со шверцот со луѓе, клучно ветување на британскиот премиер Кир Стармер, наведува Би-Би-Си.
Во меѓувреме, пилот-проектот „еден внатре, еден надвор“ меѓу Велика Британија и Франција стапи на сила на 5 август и им овозможува на мигрантите кои нелегално пристигнуваат со брод да бидат вратени во Франција.