Почнувајќи од 1 јули, здруженија за одгледување канабис можат да аплицираат кај нивните локални регулаторни власти за да се обидат да отворат капацитети во Германија. Првата апликација за здружение за одгледување канабис во земјата била одобрена во областа Олденбург минатиот месец.
Здруженијата за одгледување канабис ќе служат како главна основна компонента на моделот за легализација на канабисот во Германија во догледна иднина. Здруженијата за одгледување, кои исто така легално работат во Малта, вклучуваат до 500 членови кои одгледуваат канабис за да се дистрибуираат до членовите на здружението.
Дополнително, здруженијата за одгледување можат да спроведуваат други активности за канабис, како што е продажба на клонови и семиња на канабис на домашни култиватори. Здруженијата, одгледувањето дома и на крајот регионалните пилот-испитувања за употреба за возрасни се легалните канали преку кои возрасните потрошувачи можат да го набават својот канабис во Германија.
Бирократските одложувања го забавија процесот на лансирање на здруженија за канабис во различни делови на Германија, меѓутоа, протокот на апликации почнува да се зголемува во некои региони. Германската бизнис асоцијација за канабис (BvCW) вели дека има преку 175 апликации.
Во Берлин ситуацијата е покомплицирана, се уште не се знае кој треба да ги одобрува апликациите. Обласните администрации ги прифаќаат апликациите, но не ги обработуваат додека не се воспостави јурисдикција. Ова одложување предизвикува незадоволство кај клубовите, бидејќи тие веќе ги сносат трошоците за изнајмување без да бидат разгледани нивните апликации.
Во една неодамнешна анкета, 44 отсто од редовните корисниците на канабис рекле дека планираат да се приклучат во некој од клубовите, додека 27 отсто од повремените корисници рекле дека планираат да се приклучат на некое здружение.