Генерал-мајор Мохамад Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили, е убиен во израелските воздушни напади, јавува иранската државна телевизија IRINN.
Багери, кој беше највисоко рангираниот воен офицер во Иран, е втората висока фигура за која официјално се потврдува дека е убиена во досега невидената израелска офанзива изведена рано наутро во петокот.
Претходно, иранските државни медиуми известија дека е убиен и генерал Хосеин Салами, командант на Исламската револуционерна гарда (IRGC).