Витамините можат да се поделат на растворливи во вода и растворливи во масти. Витамините од групата Б и витаминот Ц се лесно растворливи во вода и се излачуваат од нашето тело со урина. Многу е важно редовно да ги земаме, бидејќи нашето тело нема способност да ги складира.
Витамините растворливи во масти (А, Д, Е, К) се акумулираат во телото и се чуваат од неколку дена до неколку месеци.
Одредени фактори доведуваат до недостаток на витамини потребни на телото за нормално функционирање. На губење на витамините влијаат неправилната исхрана, недоволната физичка активност, пушењето, алкохолот, одредени лекови, но и бременоста и доењето.
Со правилна исхрана и додатоци во исхраната, можеме да го зголемиме внесот на одредени витамини во организмот.
Витамин А
Недостатокот на витамин А може да се препознае со дегенеративни промени на очите, псоријаза, акни, репродуктивни нарушувања, улцеративен колитис, цироза на црниот дроб, губење на апетит, ослабен имунитет, вагинални и респираторни инфекции и дигестивни нарушувања.
Витамин Б
Замор, недостаток на концентрација, анемија и нарушување на имунолошкиот систем се показатели за недостаток на витамин Б комплекс.
Нешто посложени индикатори се деменција, параноја, депресија и промени во однесувањето, осип и пукнатини на кожата околу усните, како и склоност кон инфекции.
Витамин Ц
Ако на нашето тело му недостасува витамин Ц, можеме да го препознаеме по замор, промени на кожата, крварење на непцата, анемија, намалена отпорност на инфекции, бавно зараснување на рани и скршеници, алергии, артериосклероза, артритис, висок холестерол, болки во коските, хипогликемија и стрес.
Витамин Д
Сончевиот витамин, како што често се нарекува, витаминот Д тешко го произведува телото во зима.
Недостатокот на овој витамин се карактеризира со болки во коските, слабост и болка и грчеви во мускулите, прекумерно потење, висок крвен притисок, слаба концентрација и главоболки.
Витамин Е
Недостатокот на витамин Е се карактеризира со хронични заболувања на црниот дроб, недостаток на координација на движењата, парализа на мускулите одговорни за движењата на очите, блага анемија, катаракта, хиперпигментација и забавен раст кај децата.
Витамин К
Типични знаци на недостаток на витамин К се намалена густина на коските, обилно менструално крварење, крварење од носот и непцата, поткожно крварење, крв во дигестивниот тракт и урината и лесни модринки.
Извор: antenam.net