Според информации на ТВ21 во моментов немала неважечка лиценца, односно последната била издадена на 13 март 2023 година и истата имала важност една година.
Објектот кој служел како дискотека во Кочани е изграден пред 26 години а легализиран е во 2005 година, но никогаш не побарал елаборат за противпожарна безбедност, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Се уште се утврдува дали воопшто легално се пренаменил во објект кој може да организира забави за голем број луѓе, информираат од ДЗС.