На прагот на нејзиниот 60-ти роденден, Елизабет Харли во бикини: Сите девојки сонуваат за вакво тело

На прагот на нејзиниот 60-ти роденден, Елизабет Харли објави видео во бикини и ја разгоре имагинацијата: Сите девојки сонуваат за вакво тело

Таа често гордо го покажува своето тело, на што се восхитуваат и мажите и жените.

Актерката Елизабет Харли ќе наполни 60 години во јуни. Малкумина би поверувале во ова кога ќе видат како изгледа.

Со извајани мускули и тонирано лице, Елизабет едноставно блеска. Таа често гордо го покажува своето тело, на што се восхитуваат и мажите и жените.

Таа неодамна се одмараше во егзотичниот Дубаи каде што уживаше во сите шарми на сонцето и песокот. Актерката сподели кратко видео од плажа со своите обожаватели, а многумина го оставија без здив.

Едно време, Харли ја откри тајната на своето извајано тело на странските медиуми.

„Не следам модни диети. Моите оброци се едноставни и внимателно бирам што јадам. Не пијам зелени сокови и избегнувам преработена храна. Ги проучувам етикетите на храната уште од тинејџерка“, рече еднаш Харли, додавајќи дека не оди во теретана, но сака долги прошетки и градинарство.

Актерката има син на кој е многу горда. Лиз го родила Дамијан Чарлс Харли на 4 април 2002 година, а неговиот татко е американскиот бизнисмен Стив Бинг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни