„Поврзување на граѓанското општество за културно наследство“

На конференција во Атина ќе се зборува за Централна Пошта, еден од 7-те најзагрозени споменици во Европа

Центарот за културно наследство на Европа Ностра на 8-ми и 9-ти април во Атина Грција организира конференција со наслов „Поврзување на граѓанското општество за културно наследство“. На конференцијата ќе учествуваат граѓанските организации од целиот Балкан, Турција и Кавказ. Настанот се одржува во рамките на пилот-проектот „European Heritage Hub“ (EHH), се со цел да се прошири мрежата и влијанието на EHH во овие соседни региони на Европската Унија.

На оваа конференција свое активно учество ќе земат и претставници од Северна Македонија каде, Симона Димковска, основач на здружението Културно Ехо-Скопје, ќе зборува за потенцијалот што го има Шалтер Салата на Централна Пошта, како еден од од 7-те најзагрозени споменици во Европа. Време е да превземеме акција за зачувување на најзагрозениот модернистички објект во централното градско подрачје, или како што изјави Евроамбасадорот Дејвид Гир „ време е да се превземе акција и да се заштити ова ремекдело на модернизмот, да му се даде нов живот, а истовремено, да се заштити во чест на тие што го одново го изградија овој град како симбол на надеж и визија за иднината“.

Во текот на овие два дена, учесниците ќе се состанат за да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат во зачувувањето и промоцијата на наследството. Тие, исто така, ќе имаат можност да учат едни од други, поттикнувајќи можна прекугранична соработка. Програмата и работилниците се дизајнирани во согласност со тројната трансформација – зелена, социјална и дигитална – која е во сржта на Европскиот центар за културно наследство. Овој пристап има за цел да ја подобри клучната улога на културното наследство во секој од трите горенаведени аспекти и да го изгради капацитетот на граѓанското општество од областа на културното наследството; со цел да станат активни протагонисти во оваа општествена промена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни