На 21 септември во 1992 година беше објавен деби синглот на Radiohead „Creep“, кој подоцна се најде и на нивниот прв албум „Pablo Honey“ во 1993 година.
Британскиот алт-рок бенд првично снимил други песни за потенцијално деби, но ниту една од нив не била доволно задоволителна за објавување. Во текот на снимањата на другите песни, членовите на бендот почнале да ја свират „Creep“, која Том Јорк ја напишал неколку години порано како студент на Универзитетот Ексетер.
Продуцентите Пол Кју Колдери и Шон Слејд веднаш биле воодушевени со песната и инсистирале да биде објавена како сингл. Иако „Creep“ не се најде веднаш на топ листите, беше одлчно оценета од критичарите. Следната година, песната стана глобален хит. Денес, тој останува најуспешниот сингл на групата.