На денешен ден почина еден од најгенијалните умови во историјата

На денешен ден, 7 јануари, пред 82 години, во 1943 година, светот го загуби еден од најголемите умови во историјата – Никола Тесла. Овој научник и пронаоѓач, познат како татко на наизменичната струја, остави зад себе наследство кое и денес продолжува да влијае на нашето секојдневие.Роден на 10 јули 1856 година во селото Смиљани, Тесла беше иновативен дух кој се бори за подобро утре. Неговите откритија во полето на електротехниката и радиотехниката не само што ја промениле технологијата, туку и начинот на кој живееме. И покрај тоа што умре сиромашен и заборавен, неговите идеи и пронајдоци остануваат основа за модерното инженерство.Во моментот на неговата смрт, Тесла живееше во хотелот “Њујоркер” во Њујорк, каде што ги помина последните години од својот живот. Неговото срце престанало да чука во осумдесетата година од животот, но неговиот дух продолжува да живее преку неговите иновации.На погребот на Тесла, кој се одржал на 12 јануари 1943 година, присуствуваа над 2.000 луѓе, вклучувајќи научници и добитници на Нобелова награда. Градоначалникот на Њујорк тогаш изјави: „Тесла беше голем хуманист и научен гениј. Тој работеше за доброто на човештвото без да бара било каква награда.“Денес, Никола Тесла е почитуван не само како научник туку и како симбол на иновација и креативност. Неговото име живее во единицата за магнетна индукција – тесла – која е призната во светот на науката. Никола Тесла, генијот кој го измисли дваесеттиот век го заслужува нашето почитување и сеќавање!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни