Бразилски писател со 65 милиони продадени книги

На денешен ден е роден Пауло Коељо, авторот на ,,Алхемичарот”

Кога имал 38 години ја напишал својата прва книга „Аџилак“. ,,Алхемичарот”, неговата втора книга е таа која го направи познат. Книгата е продадена во 35 милиони примероци. Денес Коељо пишува по една книга на секои две години. Неговите 26 книги се продадени во повеќе од 65 милиони примероци на најмалку 59 јазици.

На денешен ден во 1947 година, во Рио де Жанеиро, Бразил е роден Пауло Коељо бразилски писател кој го напиша романот „Алхемичарот“, кој беше продаден во 35 милиони примероци.

Коељо е роден во Рио де Жанеиро каде посетувал језуитски училишта и бил воспитан од побожни католички родители. Рано утврдил дека сака да биде писател, но бил обесхрабрен од неговите родители, кои не гледале иднина во таа професија во Бразил.

Коељо се запишал на Правниот факултет и го живеел хипи животот во 1970-тите. Тој пишувал текстови за песни за бразилските музичари кои протестирале против военото владеење во земјата. Бил затворен три пати од тогашните власти за неговиот политички активизам и бил подложен на тортура во затвор.

Неговиот животен курс се сменил додека бил во посета на Шпанија во 1986 година на 39-годишна возраст. Коељо пешачел повеќе од 500 милји по патот до Сантијаго де Компостела, место на католички аџилак. Прошетката и духовното будење што го доживеал на пат го инспирирале да го напише Аџилакот, автобиографски приказ на патувањето, на неговиот роден португалски јазик.

По ова се откажал од другите професии се посветил со полно работно време на занаетот за пишување.

Во 1987 година, Коељо ја напишал новата книга, Алхемичарот, во текот на еден двонеделен изблик на креативност. Алегорискиот роман за момче овчар од Андалузија кое следи мистично патување во кое учи да зборува на „јазикот на светот“ и на тој начин ја прима желбата на неговото срце. Книгата привлече малку внимание на почетокот, се додека преводот на француски јазик ненадејно не се најде на листите на бестселери во Франција во раните 1990-ти. Следеа нови преводи, а наскоро Алхемичарот стана светски феномен. Книгата е продадена, според пребројувањето на Коељо, во околу 35 милиони примероци.

Од објавувањето на Алхемичарот, Коељо пишува по една книга на секои две години. Во малку необичен ритуал, тој си дозволува да го започне процесот на пишување за нова книга дури откако ќе најде бел пердув во јануари на секоја непарна година. Колку и да звучи чудно, се чини дека функционира. Неговите 26 книги се продадени во повеќе од 65 милиони примероци на најмалку 59 јазици.

Обожавателите на Коељо ги нарекуваат неговите книги инспиративни книги кои го менуваат животот. Во критиките за неговото пишување стои дека Коељо промовира нејасна духовност лишена од строгост.

Коељо пак вели, „Кога пишувам книга, пишувам книга за себе; реакцијата зависи од читателот“, вели тој. „Не е моја работа дали тоа на луѓето им се допаѓа или не“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни