На берлинската туристичка берза се најатрактивните локалитети во земјава

Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти ќе бидат презентирани на Меѓународната туристичка берза што од денеска наредните три дена ќе се одржува во Берлин, Германија.

На големиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе се претстават 190 земји и региони со 5.600 излагачи, сите со свои атрактивни и иновативни туристички продукти.

Македонската презентација цо Берлин се одржува во соработка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со рекорден број коегзибитори, тур-оператори и хотелиери.

Од Агенцијата посочуваат дека германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 38 илјади туристички посети  и 75 илјади ноќевања и реализиран 8-процентен раст забележан минатата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни