За време на затворањето на завршната сесија на 21. меѓународна конференција e-Society.mк, на 10 декември во хотелот Холидеј ИНН ќе се одржи доделувањето на наградите „Илија Жупаноски“ информираат од Фондацијата „Метаморфозис“ која ја доделува оваа награда.
„На настанот ќе се одржи доделувањето на наградите „Илија Жупаноски“, со кои се признаваат исклучителни придонеси во професионалното новинарство, медиумската етика и известувањето во јавен интерес во Северна Македонија.
Оваа церемонија го почитува наследството на Илија Жупаноски и оддава признание на поединците и медиумските куќи што го унапредуваат интегритетот, транспарентноста и отчетноста во медиумскиот простор.
Презентери на настанот ќе бидат Елида Зилбеари, главна уредничка на Portalb и Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија“ се наведува во најавата.
Целосната програма е наведена на e-society.mk додека сите заинтересирани можат да се регистрираат на следниот линк
Наградата „Илија Жупаноски“ се доделува втора година по ред, а минатогодишни добитници на наградата се Институтот за медиуми и аналитика – ИМА и младиот новинар Ардит Рамадани
