Никој не го препозна: Најубавиот маж на светот се појави во Венеција, а потоа си замина со „подвиткана опашка“

Менувањето на имиџот не е ништо ново за овој холивудски заводник, но овој пат е малку премногу

Кога Арон Тејлор Џонсон, актерот за кој долго време се шпекулира дека ќе ја преземе улогата на новиот Џејмс Бонд, се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал, малкумина можеа да претпостават дека нкема да биде препознаен.

Човекот кој беше прогласен за најубав маж на светот на почетокот на 2024 година, помина покрај фоторепортерите речиси незабележано.

Наместо добро облечен холивудски заводник, тој се појави со долга коса и бујна брада, во елегантно одело кое само дополнително ја нагласуваше неговата мистериозна трансформација.

На социјалните мрежи следеше лавина од коментари, при што многу обожаватели признаа дека морале да ги погледнат фотографиите неколку пати пред да поверуваат дека тоа е навистина тој.

„Изгледа како сосема поинаков маж – Ова не е Арон каков што го знаеме“, се само некои од коментарите што ги преплавија Инстаграм и X.

Актерот е мајстор за трансформација

Сепак, промената на имиџот не е ништо ново за Тејлор Џонсон. Овој британски актер е познат по својата посветеност на улогите и храброста целосно да го промени својот изглед заради филм. Така, на пример, за хорор филмот „28 години подоцна“, кој премиерно се прикажа претходно оваа година, тој пушти брада и се грижеше за неа речиси три месеци.

„Брадата ми расте брзо, но целосно го менува мојот изглед. Кога ја имам, се чувствувам заштитено и силно. Кога ја бричам, се чувствувам ранливо, како да сум бил разоткриен“, рече актерот во едно интервју.

Освен брадата, тој сака да експериментира и со косата:

„Понекогаш ја пуштам косата затоа што ми дава чувство на слобода, како да бегам од правилата и очекувањата барем за момент“, рече тој.

Официјално – најубавиот маж на светот

Науката, исто така, потврди дека неговото лице има нешто посебно. Кон крајот на минатата година, пластичниот хирург д-р Џулијан де Силва, кој работи во Лондон, го прогласи Арон Тејлор Џонсон за најубавиот маж на светот. Користејќи компјутерска анализа на пропорциите на лицето, Де Силва заклучи дека цртите на актерот најмногу одговараат на древниот идеал за совршенство.

„Неговото лице речиси совршено одговара на златниот пресек – од положбата на очите до обликот на усните и вилицата“, објасни тогаш докторот.

Холивудски заводник кој не се вклопува во клише

И покрај ласкавата титула и вниманието што го привлекува каде и да се појави, Арон Тејлор Џонсон успева да остане приземјен. Неговата трансформација во Венеција беше потсетник за многумина дека зад титулата „најубавиот маж на светот“ стои уметник кој не се срами да презема ризици, да се менува и постојано да изненадува – и публиката и себеси.

Се чини дека оваа непредвидливост е она што го прави уште попривлечен, но понекогаш може да биде лошо, исто како сега, бидејќи останал целосно во сенка, незабележан и запоставен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни