Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани. Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.
Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември.
Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ. Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште пет пациенти за Бугарија и пет за Србија.
Oсум од тешко повредените пациенти во моментов се на Меѓународниот аеродром „Скопје“ од каде што ќе бидат пренесени во болниците „Пирогов“ во Софија и Варна во соседна Бугарија, информираат од Владата.
Претходно, Владата информира дека тројца од тешко повредени пациенти од Клиничкиот центар во Скопје се пренесуваат на лекување во болницата „Папаниколау“ во Солун. До таму ќе се транспортираат со возила опремени за интензивна нега.