Александар е професор од Скопје. Го сретнавме во Градскиот парк и навистина беше расположен да позира со неговата насмевка. Низ разговорот се присети дека најмногу се смее со својот прв комшија.
„Да, комшијата ми е првиот на листата кој навистина знае од срце да ме насмее, а кога ме прашувате за што сонувам, јас имам мала желба – колач трилече и ладно кафе“- изјави Александар за рубриката „Насмевни се“