Во извештајот се повикуваат на податоци од иранското Министерство за здравство, според кои се повредени најмалку 4.870 луѓе.
Од друга страна, францускиот весник „Le Monde“ пренесува дека организацијата Human Rights Activists објавила многу повисока бројка: 1.054 загинати и 4.476 повредени во израелските напади врз Иран.
Според истата организација, овие податоци се засноваат на официјални извори, извештаи од невладини организации и широка мрежа на волонтери кои ги следат случувањата на теренот.
Ситуацијата и натаму е тешка и загрижувачка, а меѓународната заедница апелира за смирување на тензиите и почитување на хуманитарното право.