Најмалку 34 лица загинаа во израелски напади на неколку места во Газа

Синоќешниот напад доаѓа по најавите на претседателот на САД Трамп дека следната недела може да се постигне договор за прекин на огнот

Најмалку 34 лица се убиени во израелски напади на неколку места во Појасот Газа, објавија локалните здравствени работници.

Нападите започнале доцна синоќа и продолжиле до утрото, кога 12 лица беа убиени на стадион во Газа Сити, кој служеше како засолниште за внатрешно раселени лица.

Во тоа време, убиени се уште осум лица кои живееле во блиските станови, соопшти болницата каде што биле однесени телата на загинатите, додавајќи дека бил погоден и шатор во градот Муваси, каде што загинале шест лица.

Синоќешниот напад доаѓа по најавите на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп дека во текот на следната недела може да се постигне договор за прекин на огнот.

Преговорите за примирје беа прекинати откако Израел го прекрши договорот за прекин на огнот во март, дополнително влошувајќи ја хуманитарната криза во Појасот Газа.

Се верува дека 50 заложници остануваат во Газа, а помалку од половина се уште се живи, а тие беа меѓу 250-те заложници држени кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни