Најмалку 20 луѓе загинаа при пожар во дом за стари лица во Кина

Најмалку 20 лица го загубија животот во пожар што избувна во дом за стари лица на северот на Кина, пренесува Anadolu Agency.

Несреќата се случила доцна во ноќта во вторникот, во дом за стари лица во местото Лонгхуа, град Ченгде, во провинцијата Хебеи.

Кинеската новинска агенција Синхуа јави дека е во тек истрага за причините за пожарот.

Властите засега не споделија повеќе детали за околностите под кои избувнал огнот, ниту дали има повредени или исчезнати.

Ова е една од најтешките трагедии во установи за згрижување на стари лица во последните години во Кина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни