Најголемиот забранет град во Европа се отвори по повеќе од 50 години (ВИДЕО)

Во 70-тите години на минатиот век, кипарскиот град Фамагуста со квартот Вароша бил една од најпопуларните светски дестинации за богатите и славните, кои доаѓале да уживаат во златниот песок и тиркизното море, но и во гламурозните хотели и ресторани. Ричард Бартон, Елизабета Тејлор и Брижит Бардо биле само некои од познатите лица кои се можело да се сретнат таму.

„Вароша е едно од најневеројатните места кои постојат во Европа. Но тој е познат, не по нешто добро“, вели патописецот Роберт Даќешин за градот Вароша на Кипар.

Видео за Вароша на Кипар е едно од оние на кои патописецот Роберт Даќешин се посветил целосно, што го препознаваат и неговите следбеници кои за снимките од ова неверојатно место имаат само зборови на пофалба, пренесува Punkufer.hr.


„Иако често патуваме на разни дестинации низ светот, снимајќи го ова видео – освен што многу научив, пуштив и неколку солзи слушајќи ги приказните на локалните луѓе.

„Вароша е едно од најневеројатните места кои постојат во Европа. По повеќе од 50 години целосна изолација, градот се отвори за посети, а јас имав можност да влезам внатре, да ја раскажам приказната за тоа како градот изгледа денес и да разговарам со локалните жители кои таму некогаш живееле“, открива Даќешин.

Во 70-тите години на минатиот век, кипарскиот град Фамагуста со квартот Вароша бил една од најпопуларните светски дестинации за богатите и славните, кои доаѓале да уживаат во златниот песок и тиркизното море, но и во гламурозните хотели и ресторани. Ричард Бартон, Елизабета Тејлор и Брижит Бардо биле само некои од познатите лица кои се можело да се сретнат таму.

За најдобар сместување се чекаше и по неколку години. Сепак, во јуни 1974 година, на врвот на сезоната, дојде до воена интервенција на Турција, која геополитички го подели Кипар. Кипарските Грци се повлекоа на југ, додека Турците кои таму живееле преминаа на север. Кога Турците ја презеле контролата над градот, го опколиле со ограда и официјално забраниле на сите да се вратат и таму да живеат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни