Во центарот на Вашингтон, на само неколку блока од Белата куќа, поставен е транспарент со порака „Hands Off“. Демонстрантите носеа пораки како „Не е мојот претседател!“, „Фашизмот пристигна“, „Стоп за злото“ и „Држи ги рацете подалеку од нашето социјално осигурување“.
Протести под истото мото се одржаа и во меѓународни престолнини – Париз, Лондон и Рим. Зад протестите стојат претежно левичарски организации како MoveOn и Women’s March.
Организацијата Indivisible предупреди дека „Трамп, Маск и нивните пријатели милијардери организираат сеопфатен напад врз нашата влада, нашата економија и нашите основни права“.
Иако анкетите покажуваат пад на рејтингот на претседателот, Белата куќа останува на ставот дека протестите нема да влијаат на политиките. Трамп изјави дека „Моите политики никогаш нема да се променат“.