Французинката Жан Калман е најдолговечната личност во документираната историја – живеела цели 122 години и 164 дена. Родена е на 21 февруари 1875 година во Арл, Франција, каде што го поминала целиот свој живот, а починала во август 1997 година.
Во својата 21 година се омажила за богат роднина, што ѝ овозможило безгрижен живот. Се занимавала со тенис, пливање, свирење клавир и многу други хобија. Била во одлична здравствена состојба – дури и на 100 години возела велосипед, а подоцна, кога тоа повеќе не можела, вежбала на столица.
Цигарите ги оставила дури на 117 години, само пет години пред да почине. Кога ја прашале која е тајната за нејзината долговечност, таа одговорила:
„Лук, зеленчук, цигари и црвено вино.“
Еден живот – необичен, полн со страсти и долги години.