Максут го начекавме подготвен за насмевка. Тој има 35 години и живее во Скопје, а по занимање е лекар. За него најважно е семејството, но за здрав живот смета дека и смеењето е добро.
„Сонувам за повеќе деца оти двете што ги имам ми се малку. А како лекар би порачал дека секој од нас мора што повеќе да се смее. Мене на пример ме смеат смешни луѓе, а вашите читатели нека најдат што повеќе причини за насмевка“.- изјави Максут за рубриката „Насмевни се“.