Најбогатата девојка на OnlyFans: Заработив 76 милиони долари

Најбогатата девојка на OnlyFans, Софи Рејн, дваесетгодишна инфлуенсерка од Мајами, тврди дека досега заработила 76 милиони долари исклучиво преку претплати на платформата. Објавувајќи фотографија од екранот со прикажаната сума, таа додаде провокативна порака: „76 милиони без да спијам со 1000 мажи на ден“, алудирајќи на изјава на нејзината колешка Лили Филипс.

Софи е едно од најпрепознатливите имиња на OnlyFans, со милиони следбеници на социјалните мрежи. Лани објави дека еден од нејзините обожаватели ѝ платил 4,7 милиони долари за ексклузивни фотографии и видеа. Нејзината заработка од 43 милиони долари во 2024 година била рамна со приходите на холивудски ѕвезди како Мет Дејмон и Рајан Гослинг.

Иако стекнала огромно богатство, Софи честопати ги советува младите девојки да не брзаат со изборот на ваква кариера. „Не можев да си дозволам факултет, но ако вие имате можност – студирајте, дипломирајте. OnlyFans нека ви биде последно прибежиште“, изјавила таа во едно интервју.

Во јавноста Софи исто така изјавила дека е девица и христијанка, додавајќи дека и покрај природата на нејзината работа, таа не стапува во интимни односи со никого на платформата и дека сè уште ја чека вистинската личност со која ќе го сподели животот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни