Најавен нов голем бојкот на продавниците во Хрватска

Деталите за планот ќе бидат објавени во понеделник, 27 јануари, точно во „пет до 12“

Платформата „Алo, инспекторе“, која ја организираше првата акција за бојкот на продавниците во Хрватска поради високите цени, најави нов, уште поголем и помасовен бојкот за следниот петок. Првиот бојкот, одржан на 25 јануари, го намали прометот за половина, но претставникот на трговските ланци, Мирко Будимир, изјави дека трговците нема да ја менуваат својата политика за цени, нарекувајќи го бојкотот „наводен“ и порачувајќи дека нема да влијае на нивното работење.

Како одговор на оваа изјава, организаторите на бојкотот ги повикуваат потрошувачите на посилна и погласна реакција. Новиот бојкот ќе биде насочен кон сите продавници во Хрватска и ќе претставува, како што велат, бојкот каков што досега немало.

Деталите за планот ќе бидат објавени во понеделник, 27 јануари, точно во „пет до 12“. Организаторите повикуваат на заедништво меѓу потрошувачите во борбата против, како што истакнале, неодржливите цени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни