— Невремето, придружено со силен дожд и град, го погоди горниот тек на реката вчера попладне. Повеќе од 80 патници и членови на екипажот паднале во водата во провинцијата Гуижу, објави државната телевизија CCTV. Во видеоматеријали објавени од државните медиуми се гледаат луѓе како ги извлекуваат преживеаните и превртените бродови како пловат во близина.
— Во почетните известувања се споменуваа два превртени брода, но вчера CCTV потврди дека се работи за четири. Два од бродовите не превезувале патници, а седум члена на екипажот успеале сами да се спасат.
— Туристичката област во провинцијата Гуижу, позната по планините и реките, беше полна со посетители за време на петдневниот национален празник кој завршува денес. Според CCTV, бродовите имале капацитет од околу 40 лица и не биле пренатрупани.
— Очевидци сведочат дека многумина успеале да допливаат до брегот, и покрај неповолните временски услови и гусната магла.
— Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди итно мобилизирање на сите расположливи сили за пронаоѓање на исчезнатите и згрижување на повредените. Тој исто така нагласи дека во светло на последните фатални несреќи е неопходно да се засилат безбедносните мерки, особено на туристичките локации и при големи јавни собирања.