Киропрактичар Д-р Џенифер Русо, која е специјализирана за работа со новороденчиња, на TikTok покажа како родителите можат да го смират нервозното бебе на најбрз и најлесен начин.
Русо ја демонстрираше техниката наречена Гупи на мало бебе и покажа како родителите мора да го држат бебето и какви движења треба да направат за да го смират. Кога родителите го креваат бебето, важно е да ги поддржат главата, вратот и ‘рбетот.
Нозете на бебето треба да се притиснат на градите на родителот, а потоа нежно придвижете го бебето поблиску и подалеку од градите. Додека ги правите овие движења со вашето бебе, можете да потпевнувате звуци за да и помогнете да се опушти уште повеќе. Во примерот што го покажа Русо, бебето многу брзо престана да плаче и целосно се смири.
Извор: index.hr