Најкраткиот тест за интелигенција има само три прашања

Можете ли да одговорите точно на трите прашања?
Фото: jcomp/Freepik

Вистинската интелигенција е многу повеќе до перспективата, набљудувањето и интуицијата отколку резултатите од тестови. Во текот на минатиот век, истражувачите развија различни начини за да се тестира интелигенцијата со неконвенционални методи. Тестовите за интелигенција станаа услов за регрутирање на вработени за одредени работни позиции, а Тестот за когнивитвна рефлексија се смета дека е најкраткиот тест за интелигенција, бидејќи содржи само три прашања.

Овој тест бил развиен од професорот Шејн Фредрик од Универзитетот Јеил, кој објавил извештај за него во Журналот за економски перспективи во 2005 година. Тестот е дизајниран да ги мери когнитивните способности на една личност преку нивните психометриски резултати.

Ова се трите прашања на тестот:

  1. Палка за безбол и топче заедно чинат 1,10 долари. Палката чини еден долар повеќе од топчето. Колку е топчето?
  2. Ако им се потребни на 5 машини, 5 минути за да направат 5 уреди, колку долго ќе им треба на 100 машини да направат 100 уреди?
  3. Во езеро има цвеќиња во круг. Секој ден кругот со цвеќиња се зголемува двојно. Доколку се потребни 48 дена за кругот да го покрие целото езеро, колку време би му било потребно да покрие половина од езерото?
Фото: Freepik

Точните одговори на прашањата, според документот на професорот Фредрик се:

  1. 5 центи
  2. 5 минути
  3. 47 дена

Објаснувањата за овие одговори се многу едноставни вели д-р Линдон Вокер, поранешен предавач за статистика и финансии.

За првото прашање, импулсивниот одговор би бил 10 центи, што се добива доколку 1,10 долари се одземат 10 центи и се добива 1 долар. Сепак, ова не е точниот одговор. Доколку се земе дека топчето е x долари, тогаш палката би била (x+1), па равенката би била: x+(x+1)=1,10, од што доаѓа дека одговорот е 5 центи.

Второто прашање е малку покомплексно. Бидејќи на 5 машини им требаат 5 минути за да направат 5 уреди, импулсивниот одговор би бил дека 100 машини би направиле 100 уреди во 100 минути, што е погрешно. Всушност, ако 5 машини прават 5 уреди за 5 минути, тогаш 100 машини, на секои 5 минути ќе прават 100 уреди.

Третото прашање е најкомплексно од сите. Ако кругот со цветови двојно се зголемува секој ден и му требаат 48 денови за да го покрие целото езеро, тогаш на претпоследниот ден, односно на 47 ден тоа ќе биде половина и кога двојно ќе се зголеми ќе го покрие целото езеро.

Истражувачите кои први го спровеле овој тест резултатите ги базирале на два фактора – брзината на решавање и преземањето ризик. Овој тест бил спроведен на 3428 испитаници во 35 различни студии во период од 26 месеци почнувајќи во јануари 2003 година. Повеќето испитаници биле студенти на различни факултети низ САД кои добиле 8 долари за да го пополнат прашалникот за 45 минути.

Фредрик во неговиот извештај вели дека друг истражувал, Канман ја класифицирал психологијата на одговорите на испитаниците во две категории – систем 1 и систем 2. Во систем 1, испитаниците одговарале спонтано, без да обрнат многу внимание. Додека во систем 2, испитаниците користеле ментални операции и повеќе се концентрирале. Во повеќето од спроведените тестови, импулсивните одговори, со систем 1 биле погрешни.

Објаснувајќи за позадината на одговорите на испитаниците, Фредрик вели дека луѓето со повисоки когнитивни способности обично живеат подолго, заработуваат повеќе, имаат подобра меморија и побрза реакција.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни